Лигата на шампиони се враќа со натпревари од плејофот

Вечерва започнува плејофот фазата за пласман во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар од шеснаесетфиналните пресметки, Галатасарај го пречекува Јувентус во терминот од 18; часот, додека во терминот од 21 часот ќе играат Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Аталанта и Монако – ПСЖ.

В среда на програмата се првите натпревари од дуелите меѓу Карабах – Њукасл, Бодо Глимт – Интер, Клуб Бриж – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Баер Леверкузен.

Директно место во осминафиналето, како прво осум пласирани екипи по комплетирањето на лигашката фаза обезбедија Арсенал, Баерн, Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.

Зачлени се на нашиот е-билтен