Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лимани: Жените во Македонија сеуште се соочуваат со родов јаз во вработувањето и напредокот

„Сериозно се подготвуваме за влез во Европската Унија со тоа што ги приближуваме институциите и законодавство кон европските стандарди“, рече министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, чија тема е „Жените во ерата на вештачката интелигенција: Растечки предизвици и зголемени можности“.

Според соопштението од Министерството, на панел – дискусијата, Лимани нагласил дека Владата на Република Северна Македонија неуморно работи на родовата рамноправност, затоа што без вистински демократски вредности, не може да се постигне и рамноправно вклучување на мажите и жените во сите општествени текови.

„Треба да вложиме повеќе напори во отстранување на пречките за жените и девојките за еднаков пристап до правдата, како што се културните бариери, стравот и недовербата во судскиот систем или дискриминаторските ставови и сексистичкото однесување во правосудниот систем“, истакнал Лимани.

Според Лимани, државата напорно ќе работи на имплементација на прифатените и ратификувани документи за родова еднаквост и човекови права но, и на внесување на родовата перспектива во креирањето на вештачката интелигенција.

„Темата за жените и вештачката интелигенција е многу важна бидејќи во оваа област има значајни предизвици. Во технолошката индустрија во Северна Македонија, жените сеуште се соочуваат со родов јаз во однос на вработување напредок и видливост, а со вештачката интелигенција, овие прашања може да бидат уште понагласени, поради комплексноста на самата област. Затоа е потребно преку соработка со релевантни институции во државата и регионот за да ги преземеме позитивните пракси преку реализација на вакви и слични настани“, рече Лимани. 

Домаќин на настанот на кој што присуствуваа претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, првата дама, Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални услуги, Махинур Оздемир Ѓокташ, како и министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени KADEM, е турското Министерство за семејство и социјални услуги со поддршка на  Здружението жени и демократија (KADEM),

-Темата за жените и вештачката интелигенција е многу важна бидејќи во оваа област има значајни предизвици и месности за жените. Во технолошката индустрија во Северна Македонија, жените сеуште се соочуваат со родов јаз во однос на вработување напредок и видливост а вештачката интелигенција овие прашања може да бидат уште понагласени поради комплексноста на самата област. Затоа е потребно преку соработка со релевантни институции во државата и регионот да ги преземеме позитивните пракси преку реализација на вакви и слични настани, посочил Лимани. 

Зачлени се на нашиот е-билтен