Велика Британија ќе испрати 20.000 припадници од вооружените сили на една од најголемите вежби на НАТО од Студената војна, објави денеска секретарот за одбрана Грант Шапс, предупредувајќи на зголемените закани за алијансата.
Распоредувањето, кое Шапс го оквалификува како најголемо во Обединетото Кралство во НАТО во изминатите четири децении, има за цел „да обезбеди витално уверување“ во врска со „заканата“ што ја постави рускиот претседател Владимир Путин по неговата инвазија врзџ Украина.
Британскиот персонал – од Кралските воздухопловни сили, Кралската морнарица и армијата – ќе се распореди низ Европа и пошироко за „Вежба за непоколеблив бранител“ на воената алијанса, заедно со персоналот од 31 друга земја-членка и Шведска, која е кандидат за приклучување трансатлантскиот сојуз.
„Денешното НАТО е поголемо од кога било, но предизвиците се исто така поголеми“, рече Шапс во широкиот говор во Лондон, во кој предупреди дека „меѓународниот поредок заснован на правила“ се соочува со зголемени опасности.
„Во 2024 година сум решен да направам уште повеќе и затоа можам да објавам денес дека Обединетото Кралство ќе испрати околу 20.000 лица за да го предводат едно од најголемите распоредувања на НАТО од крајот на Студената војна“.
Контингентот на Обединетото Кралство ќе вклучува борбени авиони и авиони за набљудување, најнапредните воени бродови и подморници на морнарицата и вклучително и сили за специјални операции.