Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Членството во ЕУ ни е на дофат, нема да не тргнат од тој пат, алтернативата е погубна за сите нас

„Во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива и спокојна иднина. На дофат ни е членството во ЕУ, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, се плашам дека алтернативата е погубна за сите нас“ рече коносителката на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Сања Лукаревска на митингот во Кочани.

Таа додаде дека СДСМ секогаш ги води најтешките битки, од осамостојувањето до денес и во ова предизборие води битка со пропаганда машинерија која ги труе граѓаните со наводни заговори за одеземен идентитет, јазик, култура, асимилација што никогаш не се случи и нема да се случи.

„Ако СДСМ не се бори за македонското, јазикот, културата, идентитетот не знам кој го прави тоа. Ние сме одговорна граѓанска, државотворна партија“ рече Лукаревска.

Зачлени се на нашиот е-билтен