Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маќедонци: Отворањето на базата во Кучово е од големо стратешко значење за регионот

 Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, кој присуствуваше на инаугурацијата на воздухопловната база на НАТО во Кучово, оцени дека нејзиното отворање  е порака од НАТО за Западен Балкан, кој се очекува да биде дел од Алијансата”.

-Сметам дека,  посебно, за Албанија, но и за целиот Западен Балкан, присуството на ваква тактичка воздухопловна база во Албанија е од големо стратешко значење. Особено да се создаде безбедна средина на Западен Балкан, но во исто време да се ограничи опасноста што може да дојде од противниците на стабилноста на Западен Балкан, изјави тој за Ора њуз.

Додава дека беспилотното летало „Бајрактар“ е модерен систем и оти  целата негова задача е набљудување, но извршува и напади.

– Тоа е незаменливо за модерните армии. Глобалното безбедносно опкружување неодамна се промени. Имаме нови актери на глобалната сцена кои ја загрозуваат глобалната безбедност и овие актери главно ги претставуваат автократските земји, нагласи тој.

Според него одбранбените капацитети се модернизираат и оти војската на Косово многу напреднала.

– Доктрината на војската на Косово е истата како и на НАТО. Во 2023 година Косово достигнал ниво од 2 отсто од БДП за одбрана и тоа го покажува достигнувањето за нашата земја, изјавил косовскиот министер за одбрана Маќедонци.

Зачлени се на нашиот е-билтен