Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија без промена на ФИФА ранг листата по ремито со Фарски Острови и победата над Ерменија

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација останува на 72. позиција на ФИФА ранг листата по натпреварите од Лигата на Нациите.

Нашите репрезентативци одиграа нерешно 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови, а на домашен терен издвојуваа победа против Ерменнија со 2:0, во натпревар кој Македонија го играше со играч помалку 45 минути.

Нема промени во првите 15 места на ФИФА листата, па светскиот шампион Аргентина останува на врвот, пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил.

Најнапредната репрезентација на новата листа е Брунеи, од 190 на 183 место, додека најголем пад има Катар кои паднаа од 34. позиција на 44.

Историски највисок пласман на ФИФА ранг листата на Македонија бил 46 позиција во 2008 година, додека најнизок 166 позиција во 2017 година.

Најново