Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски соопшти дека Северна Македонија и оваа година ќе биде дел од саемот Винска визија, саемот за вино, храна и туризам во рамките на Отворен Балкан.
Трипуновски најави дека повеќе од 80 изложувачи, од мали семејни винарии до големи производители од Македонија ќе ги изложат своите најфини вина и деликатеси на овогодинешниот саем кој ќе се одржи од 22 до 24 ноември.
„Ова е одлична можност да се промовира квалитетот на вината во Северна Македонија и да се сподели со сите вински ентузијасти и да се зголеми продажбата на винските брендови од нашата земја“, рече министерот Цветан Трипуноски на настан на Стопанската комора на Србија во пресрет на саемот Винска визија.