Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија оди во Ереван за обезбедување на првото место во групата

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Македонија денес во 18 часот во Ереван ќе игра против репрезентацијата на Ерменија во натрпевар кој може да го реши првото место во групата 4 од Ц Лигата на нации.

Македонската репрезентација во моментов е на првата позиција во групата, со три поени предност пред Ерменија по победата на гостувањето кај Летонија, но и нерешениот резултат на Ерменија со Фарските Острови.

Позитивен резултат во Ереван ќе значи полесен пат до првото место во групата и промоција во Б Лигата на нации, но и можност за учество во плеј-офот за пласман на Светското првенство за Македонија.

За овој натпревар достапни на селекторот Милевски ќе бидат и дефанзивците Серафимов и Зајков, кои поради суспензија не можеа да настапат против Летонија.

На првиот натпревар помеѓу овие две репрезентации во Скопје, Македонија славеше со 2:0, резултат кој најави битка за првото место во групата.

По натпреварот со Ерменија, пред македонската репрезентација остануваат уште два натпревара од Лигата на нациите во ноември, кога во Скопје ќе дојдат Летонија и Фарските Острови.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново