Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија со играч помалку во вториот дел против Ерменија

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација остана со играч помалку во првото полувреме во натпреварот против репрезентацијата на Ерменија, откако поради два жолти картони беше исклучен дефанзивецот Ѓоко Зајков.

Македонија играше подобар фудбал и креираше повеќе шанси, но по првите 45 минути натпреварот Македонија-Ерменија е без голови.

Спорниот момент за црвениот картон на Зајков се случи во судиското продолжение од првото полувреме, кога дефанзивецот поради приговор заработи втор жолт картон.

Македонските фудбалери има вкупно девет шутеви кон противничкиот гол, од кои два шута во рамките на голот, кој беа успешно скротени од голманот на Ерменија, Чанчаревиќ, кој беше помеѓу најдобрите играчи на теренот.

Натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија е второ коло од Лигата на нациите, откако во првиот натпревар одиграа нерешено, 1:1, на гостувањето кај Фарски Острови.

Македонија е во групата 4 од Лигата Ц на Лигата на нациите заедно со репрезентациите на Фарски Острови, Ерменија и Летонија. Во првото коло, Ерменија славеше против Летонија со 4:1, а Македонија и Фарските Острови одиграа 1:1. Денеска, Летонија со 1:0 славеше против Фарските Острови.

Зачлени се на нашиот е-билтен