Македонските власти во контакт со Боливија по тројното убиство – се чека потврда на идентитетот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека македонската амбасада во Бразил е во постојана комуникација со Амбасадата на Боливија во Бразилија, по информациите од српските медиуми за тројно убиство во кое, наводно, меѓу жртвите има и македонски државјанин.

Според МНР, засега нема официјална потврда за идентитетот на убиените. Се чека завршување на обдукцијата во Боливија, по што боливиските власти ќе достават официјални информации за жртвите и околностите на настанот.

Откако ќе пристигне официјалната потврда, македонската дипломатија ќе ја извести јавноста за сите детали. Засега, надлежните апелираат на воздржаност од шпекулации додека не заврши постапката за утврдување на идентитетите.

Зачлени се на нашиот е-билтен