Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Грижата за пензионерите расте заедно со нивните внуци

„Во новиот мандат, минималната пензија ќе изнесува најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари. Со тоа ќе овозможиме стабилен пензиски систем, повисок животен стандард и сигурност за сегашните и за идните пензионери. Нема отстапки од грижата за пензионерите и од нови покачувања на пензиите“, им најави денеска на средбата со пензинерите од општина Карпош, секретарот за меѓународни односи на СДСМ и кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ најави дека јавното здравство ќе биде бесплатно за сите осигуреници преку целосно укинување на партиципацијата од 20% и информираше за уште некои поволности за пензионерите.

„Планираме воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Ќе воведеме зимски регрес за пензионерите, почнувајќи од декември 2024 година, во износ од 3.000 до 6.000 денари, при што највисока поддршка ќе добијат пензионерите со пониски пензии“, истакна Маричиќ и повтори дека „како што ќе растат внучињата, така ќе растат и грижата и приходите за нашите пензионери“.

Зачлени се на нашиот е-билтен