Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Невидено нешто е да понудите министри, а да не ги гласате

„ВМРО-ДПМНЕ се несериозни. Веројатно уникатен случај во историјата на демократијата да понудите министри во некоја Влада, а да гласате воздржано за таа влада“, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека ваквиот потег на ВМРО-ДПМНЕ е несериозен и дволичен и ја истакнува лицемерната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред своите членови вели ние играме тврдо со сите други политички партии, а од друга страна влегуваат во тој процес“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сака да стави дамка на изборите, бидејќи се плашат од нивните резултати.

„Секогаш кога ќе почувствуваат дека ќе ги изгубат изборите тие го прават тоа. Зашто ако сите анкети според нив или сите нивни анкети кажуваат дека се во голема предност зашто е тогаш проблем да ја составиме таа техничка Влада, да гласаат за неа како што гласаа пред 4 години и да излеземе на изборите секој со својот концепт“, посочи Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново