Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Поради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ, уставните измени во подоцнежна фаза многу скапи ќе чинат


„Првото прашање што ќе се отвори, кога Мицковски ќе го отвори прашањето за пресудите во Стразбур, и за внесување на Македонците во уставот на Бугарија, одговорот на Бугарија ќе биде-добро во ред да разговараме, но дајте да разговараме и за македонскиот јазик. Спремни ли се да разговараат за македонскиот јазик? Ние тоа прашање го затворивме. Никој веќе не го дискутира. Зошто да ги отвораме тие рани повторно? За ВМРО-ДПМНЕ да има кауза“, посочи вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1.

„Многу скапо ќе ни дојдат уставните измени во подоцнежна фаза, поради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1.

За тоа каков резултат очекува од првиот круг на избори, и изјавата на Мицковски дека Силјановска ќе има повеќе од 100.000 гласови од Пендаровски, Маричиќ рече дека тоа е нереално и дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш игра со бројките 61, никогаш не добиле 61 пртеник иако на сите избори го барале тоа. Како и дека и кога биле најсилни и имале 2/3 со ДУИ во Собранието во 2008 година немале 61 пратеник.

„Очекувам тесна изборна трка со предност на Пендаровски,“ рече Маричиќ.

Маричиќ во врска со тоа дали чувствува СДСМ вознемиреност од ЗНАМ на Максим Димитриевски рече дека нема такво нешто, како и дека не се исклучени разговори и соработка со ниту една партија, особено во вториот круг.

„Важно е, рече Маричиќ, да знаеме на кои принципиелни позиции стоиме, а СДСМ јасно ги има дефинирано и не се плаши од ниту една друга политичка партија“, нагласи Маричиќ.

Маричиќ потврди дека Ковачевски секако ќе биде носител на листа за ИЕ, а потврди дека и тој истакнал кандидатура за пратеник , како и дека не е исклучено ни Венко Филипче да учествува на било која точка наредниот период, истакнувајќи дека е активен во партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново