Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска партал го направија Собранието со нивната активна блокада

„Госпоѓата Силјановска учествуваше во една легендарна пратеничка група, на ВМРО-ДПМНЕ која што е позната по тоа што партал го направи македонското собрание со нивната активна блокада. Четири години заради нивната активна блокада, македонското собрание не успеа да донесе еден куп закони меѓу кои и сериозни, важни, реформски. Кои што можевме инаку едноставно да ги усвоиме и тоа заеднички доколку беа на ниво на свест и доколку навистина беа за Европска Унија. Но, тие одлучија дека таа блокада е најважна. Среќна околност е што со последниот Деловник кој што е донесен, во собранието нема веќе можности за таква блокада. Тоа беше последниот крик на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во одговор на прашање, во врска со изјавата на Гордана Силјановска околу злоупотреба на европското знаменце во собранието од страна на СДСМ.

Маричиќ посочи дека, по изборите во новиот парламентарен состав, со новиот Деловник нема да има повеќе такви можности, а тоа автоматски значи дека нема да има потреба да се дискутира за прашањето за користењето на европското знаме.

Во врска со поздравувањето на претседателот Пендаровски на граѓаните од политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговата посета во Градско, Маричиќ посочи дека политичката кампања и партиските кампањи не значат дека сме непријатели, така е во демократија.

„Во демократија, треба сите оние кои учествуваат во изборниот процес да имаат да ги претстават своите аргументи, својата програма, своите адути, граѓаните на крајот да одлучат. Ние сме се бореле за да бидеме демократија, и таа демократија треба да ја чуваме и негуваме и во тој дух го гледам потегот на претседателот Пендаровски вчера во Градско“, рече Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново