Ѓулистана Марковска во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 истакна дека секој што излегува на изборите, мора на граѓаните да им каже што навистина планира, па дури и ако неговите идеи и цели се спротивни на ставовите на мнозинството
„Дури и ако сметате дека на пример ЕУ има алтернатива кажете која е, тоа е легитмино и чесно, наместо да се затскривате зад некакви програми или флоскули“, рече Марковска.
Во однос на понудата за претседателските избори, таа истакна дека за претседателската фунцкија треба да се кандидираат личности со сериозна политичка и општествена позадина
„Ме разочарува фактот што во нашава држава постојат луѓе коишто мислат дека можат да се бават со сѐ, вклучително и со претседателската функција. Треба да се има некаква политичка позадина за да можете и во своите мисли да се кандидирате за претседател“, порача Ѓулистана Марковска.