ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита реториката за која мислевме е заборавена, рече вечерва Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, на Тв Сител.
Со овој став Меџити практично го потврди тоа што во текот на денот го изјави пред новинарите дека неговата реакиција е предизвикана од изјавата што претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, која на синоќешниот митинг во Куманово, меѓу другото, изјави дека некои дела, т.н. дела против човештвото, никогаш не застаруваат, алудирјќи на конфликтот од 2001 година.
Меџити и во интервјуто за ТВ Сител истакна дека Ослободителната народна армија (ОНА), односно УЧК, е света за Алабнците во Македонија.
„Со приближување на изборите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики и продолжува со поларизација со ДУИ“, пишува во фејсбук-статус лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, чија партија е дел од коалицијата на опозициски партии на Албанците, „Вреди”.
Критиката од Меџити до ВМРО-ДПМНЕ е прва со која се искажува воздржаност за евентуалната соработка со „Вреди” во идна влада.