Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.

Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово.

Треба да знаете
Moже да ве интересира