Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски продолжува со поддршката на Борисов, не разговарале за оставката на Николовски

Премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор му ја честитал победата и изразил оптимизам во телефонскиот разговор со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој победи на изборите во Бугарија верувајќи дека ќе успее да формира стабилна влада.

Според информацијата Мицкоски му ја честитал победата на Борисов и истакнал дека таквата Влада би можела да ја откочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија иако пред само еден месец Софија ги извести европските партнери за однесувањето и навредите на министерот за транспорт и врски Александар Николовски во дипломатскиот скандал со неистакнување на македонското знаме.

Во одговорт на Владата за Рацин.мк на прашањето дали Мицкоски и Борисов разговарале за оставката на министерот за транспорт и врски Александар Николовски која лидерот на ГЕРБ ја побара минатиот месец, велат дека не разговарале, а коментар побаравме и од кабинетот на Борисов, од каде неговиот шеф Никола Николов рече дека засега не коментираат на оваа тема.

Борисов минатиот месец испрати и известување на европските партнери за јазикот на навреди кој се користи во Македонија кон Бугарија, по изјавата на Николовски во која тој ги нарече бугарските домаќини на македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова за време на нејзината посета на Бугарија, непристојни и мизерни поради тоа што како не го поставиле македонското знаме на нејзината средбата со бугарскиот претсетадел Румен.

-Ниту е домаќинот цивилизран, ниту е пристоен, ниту има било каква почит, затоа е работа таква каква што е. Е сега, помизерни од нив се само нашиве домашните слуги, изјави Николовски .

Борисов искажувајќи разбирање дека можеби протоколите на новите македонски претставници не им се јасни, немаше разбирање за изјавата на Николовски.

-Но јазикот што го користат има само едно извинување – оставка на овој министер. И ако не го направат тоа, ниту претседател, ниту премиерот, ниту министри, ниту партиите не треба да се среќаваат и разговараат со нив. А ние ќе направиме се што е неопходно до Европската народна партија да знаат што зборувале и за што е нашето категорично решени по ова прашање, изјави Борисов.

На бугарските реакции, реагираше лично од Николовски кој преку соопштение лиферувано од ВМРО-ДПМНЕ, реакциите од Софија ги нарече хистерија создадена од дел од неуспешните бугарски политичари, непотребно внесување на Македонија во предизборната кампања во Бугарија, без желба за добрососедство.

Николовски во ракцијата директно му се обраќа на Бојко Борисов како обвинет за криминал и недостоен да бара негова оставка, но и кон други бугарски политичари, вклучително и Радев, кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза меѓу двата народи.

„И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател“, стои во рекацијата на Николовски.

Инаку изјавата на Николовски е втора која за помалку од еден месец предизвикува гнев во Бугарија. Тој на крајот од август ги нарече членовите на техничката влада во Бугарија, маргиналци на политичката сцена, без легитимитет.

Соња Танеска

Зачлени се на нашиот е-билтен