Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милеи повика за помирување на државата со армијата

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи повика за помирување на државата со армијата. 

Тој изјави дека аргентинските војници биле дискредитирани од политичарите.

„Во годините во кои беше консолидиран суверенитетот на земјата, во 19 век вооружените сили беа почитувани од општеството. Носењето воена униформа беше прашање на гордост. Политиката сакаше да го избрише тоа прогонувајќи и уништувајќи ја нашата армија“, рече Милеи во Буенос Аирес за време на церемонијата по повод годишнината од војната за Фолкландските острови, во која беа вклучени ветерани од тој конфликт и претставници на вооружените сили.

„Тоа време помина. Вие сте повод за гордост и во оваа нова Аргентина ќе уживате во почитта што во голема мерка ви беше ускратена“, рече Милеи, обраќајќи им се на ветераните и војниците.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново