Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министрите за внатрешни работи на германските покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми криминалот

Министрите за внатрешни работи на германските сојузни покраини стравуваат дека легализацијата на канабисот ќе го зголеми опсегот на организираниот криминал.

Во писмото од конференцијата на министрите за внатрешни работи до германската Влада (СПД, Зелените и ФДП), се наведува дека „нацрт-законот масовно ја олеснува нелегалната трговија со канабис“.

Министрите се загрижени дека повеќе луѓе ќе користат канабис откако тој ќе стане легален. Тие стравуваат, повикувајќи се на оценката на експертите од криминалистичката полиција, дека тоа ќе го направи пазарот поголем и уште попривлечен за криминалците, бидејќи веќе има силна нелегална трговија со канабис.

Главното студио на јавниот сервис АРД имало пристап до тоа писмо, кое претходно го објави и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира