Во Крива Паланка, утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда што, според жителите и претставниците на месните заедници, предизвикува штети врз имотот и земјоделските површини.
Најавено е дека протестот ќе биде мирен, а учесниците се повикуваат да се однесуваат одговорно и без насилство, додека Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ќе ги следат настаните и ќе ги преземат потребните мерки за заштита на јавниот интерес.
Според соопштението, надлежните институции веќе донеле правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на состојбата со говедата, но непочитувањето на тие решенија, велат организаторите, го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.
Граѓаните и месните заедници ги повикуваат сите учесници да ги изразат своите барања на мирен и организиран начин, со цел да се привлече внимание на проблемот и да се побараат конкретни решенија од надлежните институции.