Познатиот уличен уметник Бенкси повторно се појави со мурал создаден со прскање зелена боја на ѕидот зад едно исечено дрво во лондонскиот кварт Финсбери парк (Finsbury Park).
Вистинскиот идентитет на британскиот уличен уметник Бенкси, сѐ уште не е познат, но неговиот стил се препознава.
Според веста во британските медиуми, граѓаните кои живеат во областа на паркот Финсбери вчераутро на еден ѕид во населбата наишле на мурал во облик на дрво создаден со прскање зелена боја и човечка фигура која прска со спреј.
Бенкси, муралот го сподели на своите профили на социјалните мрежи за да покаже дека делото му припаѓа нему.
На социјалните мрежи се коментира дека Бенкси со делото сака да привлече внимание на „животната средина“.
Откако Бенкси објави дека делото му припаѓа нему, улицата каде што се наоѓа ѕидот беше преплавена од посетители.
Лидија Гуера (Lidia Guerra), која живее на улицата каде што се наоѓа делото, истакнувајќи дека зелената боја која тече на ѕидот го отсликува страдањето на природата рече: „Горди сме што тој ја избра нашата улица“.
Крис Бескин (Chris Beskin) пак, нагласи: „Ова е најголемото дело на (Бенкси) што го има направено во долго време. Не може лесно да се украде или да се избрише затоа што е насликано на ѕидот“.