Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ја очекува дуелот од третото коло од група Е од квалификациите за Европското првенство 2027. Противник на нашата млада репрезентација е соодветниот состав на Ерменија.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ по двата стартни пораза ќе се обидат да стигнат до првиот триумф во групата. Во првите две кола, нашиот тим претрпе два пораза од Полска 0:3 на гости и во Битола од Италија 0:1. Сепак овие две селекции важат за фаворити во групата, а нашите играчи на дуелот со Италија беа на чекор до нерешен резултат.
Во групата селекциите на Полска и Италија се на првите две места на табелата со по 6 бодови, Црна Гора и Шведска имаат по 3, а македонската репрезентација и нашиот денешен противник Ерменија се без бод.
Почетокот на натпреварот во Битола е во 17 часот.
МИА