– Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека на Украина и е потребна „навремена поддршка“ од САД и други меѓународни донатори за да се обезбеди фискалната одржливост на земјата.
Портпаролката на ММФ, Џули Козак, на редовниот брифинг со новинарите рече дека се проценува дека на Украина годинава и требаат околу 42 милијарди долари финансирање, вклучувајќи ја и официјалната донаторска поддршка од околу 31,9 милијарди долари.
– Навремената поддршка од меѓународната заедница, вклучително и Америка, ќе биде од витално значење за да се осигура дека Украина останува на патот кон фискална и екстерна одржливост, рече Козак.
Козак додаде дека тим на ММФ моментално е во Варшава за да го спроведе третиот преглед на програмата за заем од 15,6 милијарди долари за Украина, од кои се исплатени околу 4,5 милијарди долари.
Таа одби да разговара за новата сума што може да биде одобрена за Украина откако ќе заврши прегледот, а некои агенции претходно јавија дека новата исплата би можела да изнесува 890 милиони долари. ј