Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мобилна единица на Царина запленила стока заради утврдени неправилности во постапката за увоз

Денеска, во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на Царинската Испостава Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство.

Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки.

Зачлени се на нашиот е-билтен