Може ли Мицкоски да гушне двајца поранешни премиери од својата партија?

Од Конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски излезе фотографија каде претседателот на СДСМ е во заедничка прегратка со двајца поранешни премиери, Зоран Заев и Владо Бучковски.

Со овој потег Ковачевски и СДСМ испратија порака дека празни озборувања се приказните за наводни поделби во партијата.

Оваа фотографија го поттикнува прашањето дали може и Христијан Мицкоски исто како Ковачевски да се гушне со двајца поранешни премиери од неговата партија?

Одговорот е секако – не.

Прво затоа што прашање е колку воопшто се познава со првиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а со вториот, Никола Груевски не само што не е во добри односи, туку до пред некој месец беа и во јавен конфликт.

Дали е до идеолошката матрица или само до конкретните личности, останува непознато, но факт е дека во СДСМ има постојани коректни односи помеѓу актуелни лидери, додека кај ВМРО-ДПМНЕ е сосема обратно.

Зачлени се на нашиот е-билтен