Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на неформалната средба на министрите за европски прашања на членките на Европската унија и кандидатите за членство, што се одржува во Копенхаген, во рамки на Данското претседавање со Советот на ЕУ.
– На состанокот, министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхашките критериуми како основа на процесот на проширување и за концептот на Постепена интеграција како механизам за одржување на европската перспектива и зајакнување на кредибилитетот на процесот на пристапување, информира прес-службата на Министерството за европски прашања.