Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Музички спектакл „Girls night“ на четири млади актерки во Јавна соба

Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на музичката сцената. Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток (13. април) со почеток во 21:00 ч. во Public Room организираат невиден диско перформанс кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее и забавува.

Елсезер, Стојановска, Петрова и Стеви ќе го претстават нивниот спој на театарска глума и музичко сценски настап, преместувајќи го тежиштето на забавата од театарски перформанс кон забавно-музичкиот.

При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето: „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во диско ерата на 70-те и 80-те?“.

Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста по моделот на “Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. За нив ова е вистинскиот рецепт за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат, а малку реализираат.

Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на Јавна соба, а организаторите најавија „Треска на четврточната вечер“.

Зачлени се на нашиот е-билтен