На улица „Македонија“ паднаа парчиња од барокната фасада

На главната пешачка улица во Скопје, улица „Македонија“, паднаа цели парчиња од барокната фасада на една од зградите.

„Скопје 2014“ е проект со кој беше предвидена изградба на споменици на историски личности, фонтани, скулптури и нови згради на институции за централното градско подрачје.

Но, во проектот беа опфатени и фасадите на дел од објектите во центарот на градот.

За овој проект, владата на поранешниот премиер Никола Груевски потроши над 600 милиони евра државни пари.

Најчитано