Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку едно лице загина при експлозија на Универзитетот во Ереван

Во експлозија во универзитетска зграда во главниот град на Ерменија, Ереван, едно лице загина, а тројца се повредени, соопштија денеска локалните власти.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила во подрумот на зградата на одделот за хемија на Државниот универзитет во Ереван.

Во соопштението се наведува дека едно лице починало, а три се примени во болница со изгореници и други повреди, од кои едното е во критична состојба.

Сè уште е истражува причината за експлозијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново