Струга – ОВР Струга поднесе кривична пријава против Скопјенец (31) поради сомнение за „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, откако на 14 февруари 2026 година околу 18 часот со нож ја нападнал 17-годишната девојка со која, според полицијата, живеел во вонбрачна заедница.
Девојката била пренесена во Општа болница Струга, каде ѝ биле констатирани телесни повреди.
Осомничениот бил лишен од слобода, а по извршено алкотестирање кај него биле утврдени 1,82 промили алкохол во крвта.