Интензивно се изведуваат работите на реконтрукцијата на старото училиште во село Љубојно на бреговите на Преспанско Езеро, кое, соодветно на одлуката на Министерството за култура и на Владата во претходниот состав, во овој објект, кога ќе биде завршен во 2025 година, ќе биде сместен нов и модерен Центар за македонски јазик.
Одлуката тука да се основа Центар за македонски јазик е донесена заради долгот кон наследството што го носи ова училиште изградено пред 142 години и во кое, на 15 ноември 1944 година, започнала да се изведува настава на мајчин, македонски јазик, додека уште траела Втората светска војна.
Според проектот, чија реконструкција е во надлежност на Завод и музеј – Битола, предвидена е остварување на визијата за модерен центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура и на нашиот идентитет.
Проектот започна со прогласување на селото Љубојно за заштитена споменична целина, по што беа изработувани сите потребни стручни елаборати и проекти.
Идејата за основање Центар за македонски јазик се совпадна и со поттикот за регионална соработка кој дојде со потпишувањето на Преспанскиот договот со цел да се зајакнат билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, со центарот би претставувал место што ќе ги обединува трите држави.
За реконструкцијата на старото училиште во Љубојно и за работите неопходни за изградба и опремување на Центарот за македонски јазик, Владата од претходниот мандат одобри 32,8 миони денари за 2024 и во 2025 година, кога се очекува да заврши реализацијата на овој проект.