Небото над Дубаи повторно се отвора, Emirates ги враќа летовите

Враќањето на летовите не значи дека кризата е завршена. Аеродромските служби предупредуваат дека распоредите се менуваат од час во час и дека патниците не треба да одат на аеродром без претходна потврда од авиокомпанијата. Во дел од случаите, летовите се префрлаат и на вториот аеродром во градот, што е дополнителен знак дека системот функционира „во ограничен режим“, со цел да се растовари главниот терминал и да се избегнат гужви во услови на неизвесност.

Оваа „полуотворена“ состојба е дел од пошироката слика во регионот, каде воздушниот простор се отвора и затвора во зависност од развојот на конфликтот и ризикот од проектили и дронови. Дубаи како глобален транзитен јазол е особено чувствителен на вакви нарушувања, затоа што секој прекин веднаш создава домино-ефект на поврзувања кон Европа, Азија и Африка, со илјадници патници што остануваат заглавени меѓу откажувања и пререзервации.

Зачлени се на нашиот е-билтен