Ненад Георгиевски и Мијалче-Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Северна Македонија.
Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на новинарот и публицист Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2023 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.