Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Никола Димитров пријавил во полиција закани и агресивно однесување кон него

Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам, ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран, објави на социјалните мрежи поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Тој уште напиша дека „во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив“.

Во објавата Димитров вели дека е „добро“ дека си „бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар“.

Во коментарот, Димитров, истакнува дека „секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат“.

Тој посочува дека е неопходно да има „одговорност и ред“, „да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам. Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв“, предупредува Никола Димитров.

Зачлени се на нашиот е-билтен