Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Низ Шпанија протести под слоганот „Да го запреме геноцидот во Палестина!“

 Во стотина шпански градови денеска се одржаа демонстрации за поддршка на Палестинците, каде од меѓународната заедница беше побарано „да го запре геноцидот“ на Израел врз тој народ.

Под слоганот „Да го запреме геноцидот во Палестина! Во Мадрид се собраа 25.000 демонстранти, соопшти локалната полиција.

Демонстрантите со палестински знамиња тргнаа од железничката станица Аточа кон центарот на градот извикувајќи „Израел, убиец на палестински деца“ и „Ова не е војна, ова е геноцид“.

Од октомври, повеќе од 24.000 палестински цивили се убиени во нападите на израелската армија, а околу 900 се исчезнати под урнатините, изјави специјалната комесарка на ОН за човекови права, Франческа Албанезе, која е во посета на Мадрид. Таа додаде дека во Појасот Газа нема новинари и дека во израелските напади загинале повеќе од 100 новинари и над 130 вработени во ОН. 

Зачлени се на нашиот е-билтен