Нови Загреб под полициска опсада: Уапсен Леон Лучиќ

Во загрепската населба Средишче, на Улицата Еде Муќиќ, утрово дојде до пукање при што е ранет маж. Според првичните информации, напаѓачот побегнал од местото, а полицијата го уапсила по околу час и половина. Областа околу Музејот на современа уметност ја обезбедуваат бројни полициски екипи, на терен е и Итната помош.

Хрватските медиуми јавуваат дека осомничениот е Леон Лучиќ, поранешен полицаец и ТВ-лице познат по серијата „Krim tim 2“. Полицијата ја потврди интервенцијата и наведе дека маж бил погоден со истрел во ногата околу 10:30 часот; течат мерки за расчистување на околностите.

Лучиќ и претходно беше предмет на истраги на УСКОК, вклучувајќи случај со уцена и злоупотреба на службени тајни; летово против него беше покрената постапка за повеќе кривични дела.

Зачлени се на нашиот е-билтен