Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обезбедувањето на Гаши, помагајќи ѝ на косовската претседателка, вперило пиштол кон аеродромското обезбедување

Обезбедувањето на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, спротивно на законите и надлежностите, асистирајќи ѝ на косовската претседателка, Вјоса Османи, вперило пиштол во аеродромското обезбедување на Меѓународниот аеродром Скопје, јавија неколку медиуми.

Во инцидентот учествувал шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, кој го извадил, репетирал и вперил пиштолот во обезбедувањето, пред останатите патници и косовската претседателка.

Настанот се одвивал во ВИП делот од аеродромот, каде што косовската претседателка поминувала како транзит. Таа одбила да ги отвори куферите и да покаже што носи во нив, по што го контактирала Гаши, за да ѝ помогне. Тој, злоупотребувајќи ја својата положба, испратил членови од своето обезбедување да ѝ асистираат. Шефот на обезбедување, Сабедин Синани, дрско и со навреди се обратил кон обезбедувањето на аеродромот, а откако тие одбиле да ја пропуштат Османи без потребните проверки, извадил пиштол и го вперил во глава на полициското обезбедување.

Драмата на аеродромот доживеала кулминација кога реагирала полицијата на аеродромот, која со оружје пристигнала пред ВИП влезот и го впериле оружјето кон Синани.

Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Според наводите за овој инцидент, обезбедувањето на Гаши направил сериозни прекршување на своите надлежности, но и ја загрозило безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што во тој момент имало и други патници.

Истовремено, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја злоупотребил својата положба, испраќајќи го неговото обезбедување да интервенира во кршење на аеродромските процедури, во име на косовската претседателка.

Најново