Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од Нови Сад до Гевгелија без запирање на патарините, расте бројот на корисници на единствениот ТАГ од Отворен Балкан

„Од Нови Сад до границата на Северна Македонија и Грција не застанавме на ниту една наплатна станица за патарини. Со единствениот ТАГ систем кој важи за Србија и Македонија и автопатската поврзаност на двете земји, патувањето е многу олеснето“, ни рекоа новите пријатели од Србија со кои се запознавме во Грција.

Откако стапи на сила и во пракса Договорот за „Електронската наплата на патарина на Отворен Балкан“ (Open Balkan ETC) за Србија, Северна Македонија и Албанија, бројот на корисниците расте со секој нов ден.

Според податоците на ЈП Државни патишта на Северна Македонија, од јули 2019 кога започна електронската наплата со МТАГ, досега се продадени 32.907 тагови.

Во Србија пак, според тамошното јавно претпријатие „Путеви Србије“, од јули 2023 година кога се поврзаа ситемите на таа земја со системите на Македонија и Албанија како резултат на договорот од иницијативата „Отворен Балкан“, бројот на ТАГ-ови достигна повеќе од 50.000.

Инаку, според податоците на ЈП Државни патишта на Северна Македонија електронската наплата на патарините, којашто е воведена во 2019 година првично со МСмарт (припејд) картички и со можност за наплата со кредитни картички, бројот на продадени МСмарт картички достигна 193.405 единици и заедно со МТАГ има вкупно 225.312 корисници на услугата електронска наплата на патарините.

Од ЈПДП велат дека процентот на корисници што плаќаат користејќи ја електорнската наплата постојано расте и дека целта е во иднина комплетно да се премине на овој вид на наплата со што ќе се намали потребата од човечки фактор при наплата. Инаку, според најавите на јавните претпријатија од регионот наплатата, односно поминувањето на патарините со ТАГ читач наскоро се очкува да се воведе и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грција, откако сите овие земји ќе го завршат усогласувањето на националните системи за електронска наплата.

З.Б.

Зачлени се на нашиот е-билтен