Од полноќ ново големо покачување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за нови цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ.

Според Одлуката, цената на дизелот се зголемува за 6,5 дека на бензините за седум денари.

Во прилог се максималните малопродажни цени на горивата кои ќе важат од полноќ (17.03.2026 година)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,453 (денари/килограм)

„Истовремено РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните“ соопштија од Регулаторна.

За една недела ова е второ големо поскапување на нафтените деривати во државата. Минатиот понеделник литар дизел чинеше 71, а од утре ќе чини 92 денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен