Од полноќ поевтинува дизелот

Регулаторната комиисја донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ 10.12.2025 година.

Согласно одлуката на РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ горивото поевтинува за 1 денар, и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

Цената на бензините нема да се менува, односно ЕУРОСУПЕР 95 исто како и сега ќе изнесува 75 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 77 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство исто останува непромената, односно 66,5 денари по литар, и исто важи за мазутот кој се продава по 45 денари по килограм

Зачлени се на нашиот е-билтен