Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Повеќе од 70 отсто од загинатите во Газа се жени и деца

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) во петокот соопшти дека речиси 70% од загинатите во тековниот конфликт во Газа се жени и деца, пишува „Анадолу“.

Канцеларијата ги објави податоците во извештај од 32 страници, кој покрива шестмесечен период од ноември 2023 до април 2024.

Во соопштението што го придружува извештајот, се вели дека детално се проверувале личните податоци на загинатите во Газа, кои биле погодени од удари, гранатирање и други форми на воени дејства и било утврдено дека околу 70 проценти се деца и жени. Според нив, ова покажува систематско нарушување на основните принципи на меѓународното хуманитарно право.

„Клучно е да се изврши соодветна проверка на обвиненијата за сериозни прекршувања на меѓународното право преку кредибилни и непристрасни судски тела, во меѓувреме, сите релевантни информации и докази се собираат и чуваат,” изјави Волкер Турк, шеф на канцеларијата за човекови права на ОН.

Според деталната анализа, околу 80% од жртвите биле убиени во станбени згради или слични објекти, од кои 44% биле деца и 26% жени.

Најголемиот дел од потврдениот број на жртви биле деца на возраст од 5 до 9 години, од 10 до 14 години и бебиња и деца на возраст од 0 до 4 години. Најмладата жртва чие убиство беше потврдено беше бебе родено пред еден ден, а најстарата беше 97-годишна жена.

„Нашето мониторирање укажува дека убиствата и повредите на цивили е директна последица на неуспехот да се почитуваат основните принципи на меѓународното хуманитарно право – а тоа се принципите на разлика, пропорционалност и претпазливост при напад,” рече Турк.

Тој повика насилството да се запре веднаш, да се ослободат заложниците и лицата што се неоправдано затворени.

Израел уби повеќе од 43.000 луѓе во Газа од нападите на Палестинската група ХАМАС на 7 октомври 2023 година. Сите напори за постигнување на траен примирје досега не успеале.

Зачлени се на нашиот е-билтен