Обединетите нации вечерва изразија „загриженост“ по избувнувањето на крваво насилство во Појасот Газа и ги повикаа „сите страни целосно да ги почитуваат своите обврски“.
Објавата ја даде портпаролот на генералниот секретар на светската организација, Стефан Дижарик.
Според податоците на цивилната заштита во Газа, најмалку 45 Палестинци ги загубија животите во израелските напади врз палестинската енклава, каде што војната меѓу палестинското движење Хамас и Израел беснее повеќе од три години.
Најновото насилство го стави на тест кревкото примирје што стапи на сила на 10 октомври.