Општина Аеродром пак без вода

Дел од корисниците во Општина Аеродром денеска останаа пак ќе останат без вода поради дефект на мрежата.

Прекинот почна во 09:15 часот и ќе трае до целосно санирање. Зафатен е потегот на булевар „Јане Сандански“ од број 4 до број 26, како и делови од улиците „Коста Новаковиќ“, „Владимир Комаров“ и „Васко Карангелевски“. Надлежните апелираат граѓаните од овие адреси да обезбедат минимални резерви за пиење и подготовка на храна додека траат работите на терен.

По нормализирањето, можно е краткотрајно заматување на водата, па се препорачува пуштање на млазот неколку минути пред употреба.

Зачлени се на нашиот е-билтен