Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Остин имаше втор телефонски разговор за три дена со Галант во услови на закани од Иран

 Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска имаше втор телефонски разговор за три дена со министерот за одбрана на Израел Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Двајцата разговараа за „итните регионални закани и ја повторија непоколебливата поддршка на САД за одбраната на Израел“.

„Секретарот Остин јасно стави до знаење дека Израел може да смета на целосна американска поддршка за одбрана на Израел од какви било напади од Иран и неговите регионални застапници“, се вели во соопштението кое го пренесува „Тајмс од Израел“.

Зачлени се на нашиот е-билтен