Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Отворање на изложба на уметникот Бард-И Рафет Јонузи-Т во Чифте амам

Во Националната галерија – Чифте амам денеска, во 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „Poi piovve dentro a l’alta fantasia“ или „И потоа врнеше во длабоката фантазија“, која претставува мултимедијален уметнички дијалог помеѓу Бард-И Рафет Јонузи-Т, уметник од Прешево, кој живее и работи во Австрија и негови пријатели уметници од различни земји.

На изложбата ќе говорат амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и гостите, учесници на изложбата.

Во уметничкиот дијалог учествуваат уметниците од Австрија: Мариа Анвандер, Готфрид Бегтолд, Михаел Кос, Теута Јонузи – Словачка и Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Далгард – Данска, Саша Буквиќ, „Звоно“ – БиХ, Худа Такрити – Сирија и Австрија, Арјета Мала – Косово и Холандија, Кристин Венцел – Германија и Романија и Славица Јанешлиева и Игор Сековски од Македонија.

Куратор на проектот е Ана Франговска, а изложбата ќе биде отворена за јавноста цел месец. 

Зачлени се на нашиот е-билтен