Оваа земја го одзема правото на возење: Воведуваат фиксна старосна граница за обновување на возачка дозвола!

Перу стана првата земја во светот што воведе фиксна старосна граница за обновување на возачки дозволи.

Според новата регулатива издадена од Министерството за транспорт и врски (MTC), лицата над 80 години повеќе нема да имаат право да ја обноват својата возачка дозвола.

Новите правила предизвикаа силни реакции и јавна дебата во земјата, но властите нагласуваат дека целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено со оглед на физичките и когнитивните промени што доаѓаат со возраста.

Построги проверки и пократок период на важење на дозволите

За постари лица на возраст од 70 до 80 години, возачката дозвола ќе биде продолжена со задолжителни медицински прегледи, вклучувајќи:

Тестови за вид и слух
Мерење на крвен притисок
Проверка на когнитивните функции

Исто така, дозволите ќе важат пократок временски период, што значи дека постарите возачи ќе мора почесто да се подложуваат на здравствени прегледи

Новата мерка прави разлика помеѓу професионални и непрофесионални возачи, но построги услови важат за сите. Иако на многумина им се чини дека е дискриминаторска практика, властите велат дека тоа е „неопходен одговор на демографските промени“.

ЕУ отфрли слична идеја

Интересно е што слична иницијатива беше разгледана во Европската Унија, но беше одбиена бидејќи фиксната возрасна граница може да ги загрози основните права на граѓаните и да биде правно оспорена.

Зачлени се на нашиот е-билтен