Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пакистанската армија нападна упориште на талибанците во близина на границата со Авганистан

 Пакистанските сили убиле тројца припадници на пакистанските талибанци при рација во поранешно упориште на талибанците во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Еден од командантите е убиен во вчерашната престрелка во Хајбер, се наведува во денешното соопштение.

Пакистанските талибанци – „Техрик-е-талибан Пакистан“ (ТТП) е посебна група во сојуз со авганистанските талибанци, кои го презедоа Авганистан пред две години, откако трупите на САД и НАТО се повлекоа од земјата, 20 години по војната.

Преземањето на власта во Авганистан, исто така, ги охрабри пакистанските талибанци да ги засилат нападите врз полицијата и армијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново