Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски ги покани граѓаните на бина: Ајде да им покажеме дека секогаш сум со народот

Пендаровски во Кичево
Пендаровски во Кичево

Претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево откако одговараше на прашања од собраните граѓани, ги покани присутните да се качат со него на бината со цел да се испрати порака дека тој е кандидат на народот.

„Ме критикуваат дека на моите митинзи само јас зборувам, дека сум бил оставен сам. Сега да им кажеме дека јас сум бил секогаш и секогаш ќе бидам со народот, затоа повелете сите на бина“, истакна Пендаровски канејќи ги сите присутни на митингот во Кичево да се качат со него на бината.

Одговарајќи на прашања од публиката, Пендаровски беше запрашан зошто Мицкоски ја води кампањата на Силјановска, на што претседателот одговори дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е де факто шпицен кандидат за претседател.

„Јасно е дека на митинзите на Силјановска само претседателот на партијата што ја поддржува зборува. Но и пред четири години човекот беше шпицен кандидат за премиер, сега е де факто шпицен кандидат за претседател на државата“, рече Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново