Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Кандидатот за претседател треба да има граѓанска поддршка, партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Кандидатот на СДСМ за претседател на државата Стево Пендаровски во вечерашниот дуел со неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, упати јавен повик до сите граѓани кои ги поддржуваа кандидатите кои испаднаа во првиот круг и до оние кои воопшто не учествуваа во првиот круг, да гласаат за неговиот концепт доколку се препознаат во него.

Тој упати критики до Силјановска Давкова и до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека прават задкулсни партиски преговарања околу поддршката за вториот круг за избор на шеф на државата.

Пендаровски посочи дека Мицкоски уште во кампањата кажал дека има договор за коалиција со перспективните коалициски партнери, а по првиот круг рекол дека разговарал со Димитриевски и Таравари за поддршка и за претседателскиот кандидат.

Таквото барање поддршка за претседателски кандидати, според него, значи дека тие не се независни од било кои центри на политичка и финансиска моќ.

Тој се надева дека ќе успее да ги привлече граѓаните со директен повик до нив, а не преку партиски поддршки. Потсети дека трката за нов претседател на државата, обајцата собирале граѓански потписи за да покажат дека имаат сила, граѓанска компонента за претседателската кандидатура.

– Госпоѓата Силјановска ги отфрли тие 20 и нешто илјади потписи колку и да беа и отиде само со потписи на пратениците. Сосема е логично партискиот лидер кој ја предложи за кандидатурата, да договара поддршка со другите партиски лидери за неа во вториот круг. Бидејќи не е граѓански поддржана, туку од партиите, логично е дека партискиот лидер ги прави тие меѓупартиски, меѓулидерски договарања, истакна Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен